Во склоп на седмиот стручен симпозиум „Менаџментот и современите практики“ по четврти пат ќе ја одржиме и панел дискусијата МЕНАЏЕРСКИ МУАБЕТИ.

Како и секој пат, така и сега, имаме одлични говорници кои ќе ги пренесат своите менаџерски искуства на присутните.

Листата на говорници ја заокружуваме со г-н Божидар Ивановски, директор за продажба и маркетинг на Горска вода.

Кариерата на Ивановски Божидар започнува во февруари 2005 година во СПК. Првите негови активности започнуваат како Менаџер за продажба и работење на дивизијата Скопје со активности кои вклучуваат: избор на персонал за трговскиот оддел, дизајн на дистрибутивна мрежа, дефинирање на стратешки цели за компанијата, стратегија за влез на пазарот на Горска вода, развој на годишни маркетинг планови и сл.

По успехот на претходната позиција, во март 2007 година добива унапредување на позиција директор за продажба и маркетинг и до денешен ден ги спроведува долгорочните продажни стратегии и цели на компанијата КОДИНГ – Горска

Дел од активностите кои Божидар ги извршува на оваа позиција се:

  • Дизајнирање на целокупната продажна мрежа и деловна стратегија
  • Обука на продажниот персонал
  • Имплементирање на нови стратегии за маркетинг и дистрибуција
  • Буџетирање
  • Управување со финансирање на компанијата и проток на пари
  • Развој на стратегии за влез на нови производи
  • Управување со човечки ресурси во рамките на компанијата (над 45 вработени)
  • Проектирање на извозна ориентација на компанијата

Низ кариерата Божидар има посетувано бројни обуки од областа на продажба, преговарање, контролинг и сл. Г-н Ивановски по вокација е дипломиран оперативен менаџер, а во моментов своето образование го надградува на постдипломски студии по стратегиски менаџмент на Бизнис академија Смилевски-БАС.

 

МЕНАЏЕРСКИ МУАБЕТИ 4 ќе се одржи онлајн на 7.мај 2021  и присуството е бесплатно. 

Пријавете се на http://simpozium.bas.edu.mk