Програмскиот и организацискиот одбор ја имаат честа и задоволството да го најават седмиот по ред стручен симпозиум во организација на Бизнис академијата Смилевски – БАС. Во контекст на името на симпозиумот „Менаџментот и современите практики“, а дополнително во корелација со глобалните и локалните случувања од изминатата година, предметниот фокус на овогодинешниот симпозиум гласи: „Успешни практики во време на пандемија и идни менаџерски предизвици“.

Според предвидената програма и темите за симпозиумот, Вашето ценето менаџерско искуство, како и Вашите сознанија и научени лекции од предизвиците кои ни ги постави пандемијата можете да ги испратите како стручен труд.

Очекувајте наскоро дополнителни информации во однос на организацијата, програмата и настанот.

Датумот на одржување на симпозиумот е закажан за 7-ми Мај 2021 година со почеток во 10 часот.