Организацискиот одбор на седмиот стручен симпозиум – Менаџментот и современите практики, ве поканува за учество на симпозиумот во организација на Бизнис академија Смилевски – БАС.
Предметен фокус на симпозиумот: Успешни практики во време на пандемија и идни менаџерски предизвици
Поважни датуми:
- 15.03.2021 финален рок за пријава со апстракт
- 30.04.2021 финален рок за пријава со целосен труд
- 30.04.2021 финален рок за учесници без труд
Во поглед на превентивните мерки во овој период на пандемија, организацискиот и програмскиот одбор одлучија да го спроведат овој настан онлајн преку платформата за видеоконференции ZOOM.
Пријавете се за учество преку формуларот во делот за регистрација на учесници!