Во склоп на седмиот стручен симпозиум „Менаџментот и современите практики“ по четврти пат ќе ја одржиме и панел дискусијата МЕНАЏЕРСКИ МУАБЕТИ.
Како и секој пат, така и сега, имаме одлични говорници кои ќе ги пренесат своите менаџерски искуства на присутните.
Првиот говорник кој ќе ви го претставиме е г-н Владимир Трпаноски, комерцијален директор на Витаминка А.Д. Прилеп.
Владимир Трпаноски е Комерцијален директор на П.И. Витаминка ад Прилеп.
Кариерата во Витаминка ја започнал како мерчендајзер, за потоа да напредува како шеф на Мерчендајзинг службата и од 2010 год да стане Комерцијален директор на една од најголемите прехранбени индустрии во Македонија. Претходно работел како мерчендајзер и дистрибутер на производи за “Ferrero” Alba, Италија.
Дипломирал на Универзитетот Американ Колеџ во Скопје. Моментално е пред одбрана на магистерската тема на Економскиот факултет во Прилеп. Посетувал повеќе школи, семинари, конференции, симпозиуми. Бил на менаџерска обука за висок менаџмент еден месец во Јапонија за SHOP ( solving human and organizational problems).
Трпаноски е Претседател на Џудо Федерацијата на РС Македонија, како и Претседател на Маркетинг комисијата на Македонскиот Олимписки Комитет.
МЕНАЏЕРСКИ МУАБЕТИ 4 ќе се одржи онлајн на 7.мај 2021 и присуството е бесплатно.
Пријавете се на http://simpozium.bas.edu.mk