Во склоп на седмиот стручен симпозиум „Менаџментот и современите практики“ по четврти пат ќе ја одржиме и панел дискусијата МЕНАЏЕРСКИ МУАБЕТИ.

Како и секој пат, така и сега, имаме одлични говорници кои ќе ги пренесат своите менаџерски искуства на присутните.

Третиот говорник кој ќе ги сподели своите менаџерски искуства со публиката е г-н Бобан Козаров, менаџер за деловен развој на Sara Fashion.

Бобан Козаров е стратешки менаџер со повеќе од 15 години домашно и меѓународно искуство во водење на стратешки и оперативни деловни активности.

Во Sara Fashion работи 11 години, а почнал како Регионален менаџер на малопродажба. По две години напредувал на позицијата Менаџер за деловен развој со што значително придонел во развојот на компанијата.

Како најважни може да се издвојат имплементација на WMS (Warehouse Management System) по светски стандарди, организациски реинженеринг и коучинг на менаџмент тимот.

Студент на Бизнис Академија Смилевски, со сертификат од Психологија – Трансакциона анализа.

 

МЕНАЏЕРСКИ МУАБЕТИ 4 ќе се одржи онлајн на 7.мај 2021  и присуството е бесплатно. 

 

Пријавете се на http://simpozium.bas.edu.mk