Во склоп на седмиот стучен симпозиум „Менаџментот и современите практики“ по четврти пат ќе ја одржиме и панел дискусијата МЕНАЏЕРСКИ МУАБЕТИ.

Како и секој пат, така и сега, имаме одлични говорници кои ќе ги пренесат своите менаџерски искуства на присутните.

Вториот говорник кој ќе ви го претставиме е г-ѓа Маја Станковска-Костова, генерален директор на Кроациа осигурување-живот А.Д. Скопје.

Г-ѓа Маја Станковска- Костова е генерален директор на Кроациа осигурување-живот А.Д. Скопје.

Г-ѓа Маја Станковска- Костова дипломира на Економскиот факултет во Скопје на отсек финансиски менаџмент, а со звањето МБА специјалист по стратегиски менаџмент се стекнува на постдипломските студии на Бизнис академија Смилевски-БАС, Скопје. Покрај формалното образование има посетувано бројни обуки од областа на лидерство, менаџмент и осигурување.

Првите чекори во кариерата ги зачекорува во Илирика фунд менаџмент и Македонски телеком.

Професионалната кариера во Кроациа ја започнува во 2009 година како постар интерен застапник за продажба, после една година преминува во делот за управување и развој на застапничка мрежа како стручен соработник, потоа се вклучува во организација и следење на сите позадински процеси, за во 2015 година да го превземе целосното водење на службата и  стапува на позицијата директор за поддршка на продажба и едукација.

Успехот на оваа позиција ја води кон врвот на менаџерската хиерархија и од 10.11.2019 е на позицијата генерален директор на Кроациа осигурување-живот А.Д. Скопје.

 

МЕНАЏЕРСКИ МУАБЕТИ 4 ќе се одржи онлајн на 7.мај 2021  и присуството е бесплатно. 

 

Пријавете се на http://simpozium.bas.edu.mk